Кариери што го менуваат животот
Започнување кариера во Novo Nordisk е повеќе од добивање на работа Тоа е можност да се подобрат животите на милиони луѓе кои живеат со сериозна хронична болест.
Без разлика дали сте дел од снабдувањето со инсулин за
пациенти низ целиот свет или дел од следното епохално откритие во
некој од нашите најсовремени истражувачки центри, работењето кај нас
навистина го менува животот.
Ние сме горда компанија во полето на природните науки, со мисија да им овозможиме на луѓето кои живеат со хронична болест, да можат да живеат нормален живот. Милиони се потпираат на нас.
Инспирирани сме од животот во сите негови форми и облици, подеми и падови, можности и предизвици. Од нашите колеги во лабораториите, кои работат на менување на животите преку пионерски епохални третмани, до нашите колеги кои ја ставаат одржливоста во суштината на нашите процеси и работат на продолжување на животот на нашата планета, оваа мисија за подобрување на животот е во основата на секоја наша акција.
Промената е постојана - промена во животниот стил, промена во технологијата, севкупна промена. Во Novo Nordisk, не чекаме промена. Ние ја поттикнуваме.
Ние сме динамична компанија во уште подинамична индустрија и знаeме дека она што нè доведе до таму каде што сме денес, не мора да е она што ќе нè направи успешни во иднина.
Затоа, постојано се залагаме за подобрување на начинот на работа и животот на пациентите на кои им служиме, создавајќи иновативни решенија кои се соодветни на начинот на кој луѓето сакаат да живеат. За да го постигнеме ова, го прифаќаме духот на отворен ум и експериментирање, и се стремиме кон одличност без да се фиксираме на перфекција.
Ние ги цениме нашите вработени заради уникатните вештини, минатото искуство и перспективите што ги носат со себе. Работиме континуирано за да го извлечеме најдоброто од сите наши вработени, со тоа што нудиме можности за развој и создаваме мобилна средина во рамките на компанијата. Се стремиме да понудиме работно место кое е одлично за работа и претставува добра препорака за во иднина.
За нас е многу важно секој што работи кај нас да се чувствува сигурен и овластен, и како вработен и како личност. Сите ние треба да имаме можност да дејствуваме брзо, да носиме одлуки и да бидеме агилни.
Градејќи кариера во нашата компанија, ќе почувствувате разлика уште од самиот почеток. Чувство на инспирација што произлегува од заедничката верба за поттикнување позитивни промени кај луѓето, семејствата и заедниците насекаде, што претставува колективен напор. Ние се потпираме на заедничкиот потенцијал и соработката на нашите 64.000 вработени.
На видеото погоре, запознајте ја Мари Дартинг, една од нашите научници, и слушнете повеќе за нејзината работа како научник за формулации, нејзината перспектива за плановите за развој и чувството што таа го има дека нејзината работа има влијание врз луѓето кои живеат со хронично заболување.
Нашата компанија беше основана во 1923 година, а денес е глобална компанија во полето на здравствената заштита, со седиште во непосредна близина на Копенхаген, Данска.
Нашата цел е да ги поттикнеме промените за да го победиме дијабетесот и другите сериозни хронични заболувања како што се дебелината, ретките крвни и ретките ендокринолошки заболувања. Тоа го правиме преку пионерски научни достигнувања, проширување на пристапот до нашите лекови, и работење напревенција и на крајот излекување на дијабетесот.
Со речиси 100-годишно искуство, едно од најшироките портфолија на производи за дијабетес во здравствената индустрија, како и наградуван развоен канал на иновативни производи, нашиот успех е изграден врз основа на вредностите на нашата компанија - начинот на Novo Nordisk.