Зошто толку многу луѓе немаат пристап до здравствена заштита?
Милиони луѓе кои живеат со дијабетес и ретки нарушувања на крвта не се во можност да го добијат лекот од животно значење кој им е потребен. Во некои случаи, лекот е премногу скап или патот до лекар или да се земе рецепт бара долго патување и губење на приходи.
Во екстремни ситуации, нема лекар каде што би требало да се обратат, ниту здравствена установа што би требало да ја посетат или лекови кои се достапни во аптека.
Непријатната реалност е дека во денешно време, само мал дел од пациентите се лекуваат, а ние треба да го затвориме тој јаз за да им овозможиме на луѓето пристап до лековите што ги произведуваме по достапни цени и до грижата што им е потребна.
Бариерите се комплексни и се разликуваат од земја до земја, но ние од искуство знаеме дека промената е можна.
Нашата амбиција е да обезбедиме пристап до лековите што ги имаме на располагање, за најголем број луѓе кои живеат со дијабетес, ретки болести на крвта и ретки ендокринолошки нарушувања, истовремено решавајќи ги различните нивоа на достапност.
Иако постојат ограничени податоци во јавното здравство за деца со дијабетес тип 1, непобитна вистина е дека во многу од најсиромашните земји во светот, само малкумина живеат доволно долго за да бидат запишани во регистрите.
Во 208 болници низ 14 земји со низок и среден приход, нашата програма „Го менуваме дијабетесот“ кај деца обезбедува грижа и инсулин кој претставува лек од животно значење за децата со дијабетес тип 1. Денес, програмата обезбедува медицинска грижа, инсулин и потрошни материјали за повеќе од 26 000 деца. Нашата следна амбиција е да ја прошириме програмата за да стигнеме до бројката од 100.000 деца до 2030 година.
На видеото погоре, запознајте ја супер ѕвездата со тип 1, Билгуиса од Гвинеја. Билгуиса е дел од новата генерација деца и млади кои живеат со дијабетес тип 1 во Гвинеја. Со поддршка на лекари и медицински сестри во клиниката каде што се спроведува програмата „Го менуваме дијабетесот“ кај деца, денес таа е пример за лидер во заедницата, полна со надеж, способна добро да управува со сопствениот дијабетес, и да ги води и инспирира своите помлади врсници.
Во земјите со низок и среден приход, ние им посветуваме дополнително внимание на најранливите луѓе кои живеат со дијабетес. Во повеќе од две-третини од земјите каде што работиме, воспоставивме програми за достапност и пристап за да им се помогне на пациентите кои имаат потреба.
Овие програми работат на одговарање на тешки прашања, како на пример:
Како да охрабриме повеќе пациенти да се вклучат во програмите за достапност?
Како да дизајнираме инсулини кои не бараат ладење и ќе можат да се испраќаат подалеку?
Како да ги поедноставиме синџирите за снабдување со лекови со цел да ги намалиме цените?
На овие прашања работиме со голема посветеност со цел да го направиме инсулинот достапен на сите. Прочитајте и дознајте повеќе за нашата посветеност кон обезбедување третман по достапни цени и пристап до грижа за дијабетесот.
Ние преземавме обврска да продолжиме да имаме инсулин со ниска цена во нашето портфолио на производи и да произведуваме и правиме хуман инсулин кој ќе биде на располагање во годините што доаѓаат. Ова е нашата заложба за обезбедување пристап до инсулин.
Со нашата стратегија за Да го победиме дијабетесот ние ја намаливме највисоката цена во земјите со низок и среден приход, а во исто време работиме на проширување на програмите за достапност во САД и на други места во светот.
Достапен инсулин во земјите со низок и среден приход
Во 2001 година ја промовиравме најновата политика за намалување на цената на хуманиот инсулин во повеќето земји со ограничени ресурси. Денес, нашата политика опфаќа вкупно 76 земји, дом на третина од светската популација со дијабетес, како и избрани хуманитарни организации.
Нашата посветеност се темели на следниве принципи:
Дел од придонесот на Ново Нордиск што го дава за унапредување на пристапот до грижа претставува нашата долгорочна финансиска обврска кон Светската фондација за дијабетес.
Светската фондација за дијабетес е основана од Ново Нордиск во 2002 година како независно здружение посветено на превенција и третман на дијабетесот во земјите во развој. Фондацијата поддржува одржливи партнерства и деjствува како катализатор за да им помогне на другите да сторат повеќе.
Нашата тековна обврска кон Фондацијата е 1,69 милијарди дански круни (277 милиони САД долари) опфаќајќи го периодот до 2024 година.
Во некои земји, луѓе кои живеат со хемофилија може да бидат во ситуација да не се во можност да ги чуваат своите лекови за хемофилија дома. На пример, за време на COVID-19 кризата, многу пациенти не биле во можност да појдат во болница за да побараат третман.
Кога луѓето кои живеат со ретка болест на крвта се соочуваат со вакви ситуации, ние работиме со локалните здравствени власти и партнерските организации за да обезбедиме финансиска поддршка за испорака на лекови и третман дома.
За да обезбедиме јасни и транспарентни односи, нашите иницијативи се дизајнирани преку дијалог со креаторите на политики, за услуги за поддршка поврзани со обука на пациентите, достава и складирање на лековите.
Фондацијата за хемофилија на Ново Нордиск е непрофитна организација која обезбедува грантови и се обидува да го подобри пристапот до грижа за лицата со хемофилија и ретки нарушувања на крвавењето во земјите во развој и новите земји.
Хемофилија е наследно нарушување на крвавењето, кое засега еден од 10 000 луѓе. Во состојба кога три од четири лица со хемофилија живеат во земји во развој, постои итна потреба од обезбедување пристап за овие лица до дијагноза и соодветна грижа.
Дознајте повеќе за Ново Нордиск фондацијата за хемофилија