Постојат многу причини зошто хроничните болести какви што се дијабетес тип 2 и дебелина се во пораст со децении. Некои се должат на фактори на ризик кои не можат да се спречат, какви што се генетските фактори и едноставниот факт дека луѓето живеат подолго.
Непреземањето мерки за запирање на овој пораст само ќе доведе до повеќе човечки страдања и повеќе трошоци за здравствена заштита. Наши клиенти се здравствени системи и луѓе кои ги користат нашите третмани. Ако не сториме ништо за да ги превенираме хроничните заболувања, тоа значи дека не живееме според нашите вредности како компанија, ниту пак водиме одржлив бизнис.
Но, постојат области каде што превентивните активности можат да имаат позитивен ефект. Сѐ поголемата урбанизацијата, социоекономските нееднаквости, помалку активниот начин на живот и посиромашната исхрана често пати се главните причини поради кои сè повеќе луѓе се дијагностицираат со дијабетес тип 2 и дебелина.
Ние сакаме да ја намалиме кривата на пораст за дијабетесот тип 2 и дебелината. Нема сомнеж дека превенцијата има клучна улога.
Продолжете да читате и видете како работиме на превенција на хронични заболувања.
Две од три лица кои живеат со дијабетес тип 2, живеат во градовите. Начинот на кој се дизајнираат, градат и управуваат урбаните области го менува начинот на живеење и, во некои случаи, ја зголемува нашата ранливост за дијабетес тип 2.
Терминот „урбан дијабетес“ го смисливме како начин да се фокусираме
на факторот на ризик својствен за градовите, заедно со Универзитетскиот колеџ во
Лондон и Центарот за
дијабетес Стено во Копенхаген. Заедно започнавме глобално
партнерство наречено „Градовите го менуваат дијабетесот“.
Во повеќе од 25 градови низ светот, го привлекуваме вниманието во
врска со дијабетесот тип 2 како клучно здравствено прашање во
градовите. Работиме со повеќе од 100 партнери за подобрување на
истражувањето и информативните политики со цел да дизајнираме
интервенции коишто значително ќе влијаат врз појавата на
болеста.
За да дознаете повеќе за нашата борба против урбаниот дијабетес,
одете на линкот: Градовите го
менуваат дијабетесот.
На глобално ниво, 40 милиони деца на возраст под пет години имаат прекумерна тежина. Ова ги изложува на ризик од ран почеток и развој на дијабетес тип 2, и е силен предиктор за дебелина во возрасно доба.
Овие деца исто така може да се соочат со предизвици во напредувањето
и достигнувањето на целиот свој потенцијал. Прекумерната тежина може
да придонесе за стигматизација, слаба социјализација и емоционални
тешкотии, а во некои случаи и за намалување на образовните
достигнувања.
Заедно со УНИЦЕФ, работиме на превенција на прекумерна тежина
и дебелина кај децата. Почнувајќи од Мексико и Колумбија, но со
поширок регионален и глобален дострел и влијание, партнерството има за
цел да го „смени наративот“ во врска со превенцијата на прекумерната
тежина и дебелина од фокус на индивидуална одговорност кон потребата
за решавање проблемите во средините коишто промовираат дебелина.
Веруваме дека секое дете треба да има шанса да расте добро во светот
којшто постојано се менува, за да го реализира својот
потенцијал.