Ние сме глобална компанија за здравствена заштита, основана во 1923 година, со седиште во непосредна близина на Копенхаген, Данска.
Нашата цел е да ги поттикнеме промените за да го победиме дијабетесот и другите сериозни хронични болести како што се дебелината, ретките крвни и ретките ендокринолошки заболувања.
Тоа го правиме преку пионерски научни достигнувања, проширување на пристапот до нашите лекови и работење на превенција и на крајот излекување на болестите што ги третираме.
Вработуваме повеќе од 64000 луѓе во 80 канцеларии низ светот, нашите производи ги пласираме во 170 земји.
Ние сме горда компанија за природни науки обединета преку заедничката работа на откривање подобри третмани за луѓе кои живеат со сериозни хронични болести.
Нашата индустрија е динамична. И научното разбирање на болестите кои ги третираме и луѓето кои живеат со нив, се подобруваат секој ден. Ова е постојан потсетник дека она што нè доведе до тоа каде сме денес не мора да биде она што ќе нè направи успешни во иднина.
Како работодавач, ја препознаваме потребата од прифаќање на експериментите и стремење кон разновидност и вклученост за да ни помогне при носењето подобри одлуки, грижејќи се при тоа да земеме предвид што повеќе перспективи и ставови.
Заедно, го менуваме животот.
Ние нема да дозволиме успехот на нашата компанија да се дефинира со стабилно зголемување на бројот на луѓе кои живеат со сериозни хронични болести, како дијабетес тип 2 и дебелина.
Не уживаме во страдањата и тешкотиите со кои се соочуваат луѓето кои живеат со хронични заболувања. Во некои земји, финансискиот товар за обезбедување или добивање пристап до медицинска грижа ги става луѓето во ризик од сериозни здравствени компликации.
Имаме преземено обврска да им помагаме на општествата во борбата против дијабетесот и нашата стратегија е јасна - да се забрза превенцијата на дијабетес тип 2 и дебелината, и да се обезбеди пристап до достапна грижа за ранливите пациенти во секоја земја.
Нашиот успех ќе го дефинираат решенијата што ги развиваме и здравјето и благосостојбата на луѓето и заедниците кои имаат корист од нив.
Дознајте повеќе за нашата стратегија за борба против дијабетесот.
Ние сме првата фармацевтска компанија што користи 100% обновлива енергија во сите наши глобални производствени капацитети. Горди сме, но исто така и мотивирани да одиме уште подалеку.
Со нашата стратегија Циркуларна економија до нула (Circular for Zero), започнуваме патување за да постигнеме нула влијание врз животната средина во сите наши деловни активности.
Проактивно ќе соработуваме со добавувачите за да ги намалиме влијанието врз животната средина низ нашиот синџир на снабдување, да ја прекинеме емисијата на CO2 од сите наши операции и транспорт и да го решиме предизвикот со отпадот кој се создава од крајниот производ со цел елиминирање на отпадот.
Тесно соработуваме со водечки универзитети и компании за биотехнологија низ целиот свет со цел да го забрзаме откривањето на нови лекови.
Континуирано бараме нови партнери со кои имаме комплементарни можности и заеднички интереси и со кои отворено ќе можеме да споделуваме нови пептиди и аналози на протеини и антитела за претклинички истражувања.
Нудиме лесен и бесплатен пристап до избрани висококвалитетни соединенија со добри карактеристики на љубопитни и пасионирани научници од целиот свет.
Нашата приказна започна во 1923 година кога две мали дански компании започнаа со производство на револуционерниот нов лек инсулин, кој штотуку беше откриен од двајца канадски научници.
Кога конечно решија да се спојат во 1989 година, тие го создадоа Ново Нордиск, компанија која оттогаш брзо се шири со водечки позиции во грижата за дијабетес, дебелина, хемофилија, и терапија со хормон за раст.
Начинот на Ново Нордиск е збир на водечки принципи врз кои се темели секоја одлука што ја носиме. Опишува кои сме, како работиме и што сакаме ние да постигнеме, и поставува јасна насока за нашата компанија и нашите вработени. На крајот на краиштата, тоа е ветување што си го даваме едни на други - и на милиони пациенти ширум светот кои се потпираат на нашите производи за да водат целосен и здрав живот.
Во 1923 година, нашите дански основачи започнаа патување за менување на дијабетесот. Денес, ние имаме илјадници вработени низ целиот свет со пасија, вештини и посветеност да поттикнат промени со кои ќе го победиме дијабетесот и други сериозни хронични заболувања.
Секој ден, мора да правиме тежок избор, секогаш имајќи предвид што е најдобро за пациентите, нашите вработени и нашите акционери на долг рок.
Тоа е нашиот начин. Тоа е начинот на Ново Нордиск.