Оливија Ака е запишана во нашата програма Го менуваме дијабетесот кај деца, Брегот на Слоновата Коска

За нас

Да го победиме дијабетесот

Победата над дијабетесот е наша главна општествена одговорност

Оливија Ака е запишана во нашата програма Го менуваме дијабетесот кај деца, Брегот на Слоновата Коска

Да го победиме дијабетесот

Нашата стратегија за социјална одговорност воведува нови долгорочни амбиции во три клучни области за да помогне во подобрување на индивидуалното и јавното здравје:

  • Спречување на порастот на дијабетес тип 2 и дебелина.
  • Обезбедување пристап до достапна грижа за ранливите пациенти во секоја земја.
  • Воведување иновации за подобрување на животите. 

Денес, еден на секои 11 луѓе во светот има дијабетес, бројка за која се предвидува дека ќе се искачи на еден од девет до 2045 година, ако не се преземат соодветни мерки.

Дијабетесот претставува голем товар за здравствените системи, па токму затоа посветено работиме на спречување и лекување на болеста заедно со здравствените власти и другите партнери во земјите каде што сме присутни.   

Првите чекори во нашата стратегија за победа над дијабетесот

Секој чекор прави разлика што го менува животот

Ниту едно дете не треба да умре од дијабетес тип 1 

Ние ја прошируваме нашата програма „Го менуваме дијабетесот“ кај деца за да опфатиме 100.000 деца до 2030 година. Досега, нашата програма им помогна на повеќе од 25.000 деца со дијабетес тип 1 за да добијат пристап до медицинска грижа и лек од животно знаење во земји со слаби ресурси.

Прифатлив хуман инсулин во земјите со низок и среден приход

Ние ја намалуваме горната цена на хуманиот инсулин од 4 американски долари на 3 американски долари за шишенце во 76 земји со низок и среден приход. Ова е суштинско проширување на нашата заложба за пристап до инсулин за да ги зајакнеме нашите напори со цел да се опфатат најранливите луѓе и да добијат евтин инсулин.

Подобрена грижа за ранливите популации

Ја прошируваме нашата програма за партнерство за промена со Меѓународниот комитет на Црвениот крст и Данскиот црвен крст до 2023 година. Дополнително, дониравме 15 милиони дански круни како поддршка на програмата. Преку нашите заеднички напори, програмата им помага на најранливите групи на пациенти за време на хуманитарни кризи.

Нашите напори да го победиме дијабетесот

Толпа во градот што шета наоколу.

Превенција на дијабетес тип 2 во градовите

Со речиси две третини од сите луѓе со дијабетес кои живеат во урбани средини, градовите се важна фокусна точка за справување со проблемот. Соработуваме со повеќе од 25 градови за да се справиме со порастот на дијабетес тип 2 во урбаните средини.

Деца и жена во Бангалор, Индија, седнати.

Обезбедување грижа за деца со дијабетес тип 1

Нашата програма „Го менуваме дијабетесот“ кај деца обезбедува грижа и инсулин од животно значење за деца со дијабетес тип 1 во земји со ниски и средни примања. Работејќи заедно со партнерски организации, основавме 208 клиники во 14 земји.

Скали во внатрешноста на железничка станица

Работа во партнерство со УНИЦЕФ

На глобално ниво, 40 милиони деца на возраст под пет години се со прекумерна тежина, со што многу млади луѓе се во опасност од рана појава на дијабетес тип 2. Заедно со УНИЦЕФ, работиме на превенција на прекумерна тежина и дебелина кај децата и обезбедување поддршка преку активности коишто прават разлика.